Aмериканските експерти против трета доза на вакцина за севкупната популација

politikata zad vakcinata protiv kovid19
politikata zad vakcinata protiv kovid19

Советодавниот одбор на Американската администрација за храна и лекови (ФДА) вчера го отфрли планот да понуди дополнителна, трета доза на вакцина на „Фајзер“ за мнозинството Американци.

Zito akcija 640x289px

Независните експерти собрани од Администрацијата за храна и лекови гласаа со 16 гласови „за“ и 12 „против“, а членовите изразија незадоволство што „Фајзер“ не обезбеди доволно податоци за безбедноста на дополнителните дози, објави Гласот на Америка.

Agria

Според медиумите, ова нанело удар врз администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден, која се обидува да ја зајакне заштитата на граѓаните од многу заразниот делта-сој на вирусот.

И водачите на ФДУ и советодавниот одбор, што, според Гласот на Америка, е невообичаено, посочиле дека се подготвени уште еднаш да гласаат дали да препорачаат дополнителни дози на постарите Американци или други групи со поголем ризик од болести.

Расправата според извештаите на тамошните медиуми траела неколку часа.

Членовите на комисијата, исто така, се пожалиле дека податоците дадени од израелските истражувачи за третата доза можеби не се соодветни за да се предвиди ситуацијата и во Соединетите Американски Држави.

Научниците биле поделени во врска со потребата за дополнителни дози на вакцината и за тоа кој треба да ја прими, а Светската здравствена организација силно се противи богатите нации да им даваат трета доза на нивните жители, додека сиромашните земји немаат доволно вакцини за прва доза.

Moжеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: