Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информираат од АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, велат оттаму.
Од АМСМ предупредуваат дека поради вградување на асфалтен слој (асфалтирање), од 20 март задклучно со денес, регионалниот пат Велес – Градско односно делот од с. Ногаевци до с. Виничани ќе биде затворен за сообраќај од 08:00 до 16:00 часот.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Можеби ќе ве интересира: