Анализа на Министерството за здравство, од починатите 1.506 лица од ковид-19, 17 отсто биле вакцинирани

vakcinacija
vakcinacija

Министерството за здравство ја објавува анализата на вакцинирани, од позитивни случаи со Ковид 19, во период од 06 август заклучно со 21 октомври. За вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина.

Zito akcija 640x289px

Во период од 06.08 до 21.10.2021 на територија на државата 42.945 граѓанин, се позитивни од тестирани на Ковид 19, од нив 26% биле целосно вакцинирани, односно 11.253 лица. Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со Ковид 19. Според статистика за изминатиов период 31.692, граѓани, односно 74% од позитивните на Ковид 19 не биле вакцинирани. Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 76%, додека само 24% од сите моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Исто така, анализата покажува дека смртноста кај невакцинираните е драстично поголема и во овој период од ковид-19 починале 1.506 лица од кои 1.246 пациенти, односно 83 отсто не биле вакцинирани, а 260 пациенти или 17 отсто имале примено вакцина. Овие лица, како што се вели во анализата, имале повеќе хронични заболувања. Инаку, пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои што ги има на располагање во земјава.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: