Анализа на Пари: Она што пред три години го купувавме за 1.000 денари, во септември го плаќавме 1.310 денари

denari pari
denari pari

Септемвриската инфлација на годишно ниво се симна на 6,6 проценти, покажуваат новите податоци на Државниот завод за статистика. Тоа се уште е далеку од посакуваниот праг од 2-3 проценти, за кој економистите велат дека е развоен.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Особено ако се земе предвид дека во септември 2022 во однос на септември 2021 година имавме инфлација од дури 18,7 проценти. Додека, пак, во септември 2021, од кога почнаа првите знаци на високата инфлација, трошоците за живот се зголемиле за 3,7 проценти во однос на септември 2020 година.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Преведено во апсолутни бројки – значи дека тоа што сме можеле да го купиме за 1.000 денари во 2020, во 2021 чинело 1.037 денари, во септември 2022 било 1.230 денари, а во септември годинава веќе добило цена од 1.310 денар, пресмета порталот Пари. Односно, во период од 3 години трошоците за истите производи се зголемиле за 31 процент.

Целиот текст можете да го прочитате на овој линк https://pari.com.mk/pari-presmeta-ona-sto-pred-3-godini-go-kupuvavme-1000-denari-vo-septemvri-cini-1310-denari/

Извор на веста: pari.com.mk

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: