Андреј Зафиров броеше до 11 против Текстилец

Fruitlend Borec Tekstilec kadeti

Кадетите на Фруитленд Борец ја забележаа 10 победа  на домашен терен против екипата на Текстилец 39:26 во натпревар од 12 коло од група  А во кадетска конкуренција. Сега тимот на Сашко Радески се зацврсти на вторато место на табелата со 21 бодови и се повеќе се приближува кон обезбедување место во разигрувањето.

Нерешлива енигма за гостите од Штип беше Андреј Зафиров кој постигна 11 погодоци. Штипјани на овој натпревар го имаа почетното водство, а потоа се беше во знакот на младите велешки ракометари.

Agria

Покрај Зафиров во домашниот состав се истакнаа и Борјан Велјановски и Лук Стојановски со по шест погодоци. Кај Текстилец најефикасен беше Христијан Властов со седум погодоци. Во наредното коло кадетите на Фруитленд Борецму гостуваат на составот на Куманово.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: