Антикризни мерки во најава, инфлацијата 18,7 отсто

market
market

Најдоцна до вторник 12 октомври треба да бидат објавени антикризните мерки за ублажување на последиците од енергетската криза, најави вчера министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска. Во меѓувреме Државниот завод за статистика објави дека трошоците на  животот во септември годинава во однос на септември лани се зголемени за 18,7, а цените на мало за 14,7 проценти.

Zito akcija 640x289px

Во финална верзија се мерките кои ќе значат поддршка на најранливата категорија на граѓани, a како што истакна министерката , се разгледува опцијата дали ќе бидат делени ваучери или средствата за поддршка ќе бидат уплатени на сметките на граѓаните или пак ќе има ваучери за купување на домашни производи.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Премиерот Димитар Ковачевски, пак, вели дека Владата работи на тоа да продолжи економската активност, да се поддржат најранливите категории граѓани, да се одржи ликвидноста и на Буџетот и на стопанството воопшто. Тој најави и дека во наредните денови ќе има позитивна вест од преговорите со Меѓународниот монетарен фонд и другите меѓународни институции и кредитори со кои се разговара за обезбедување финансии поради енергетската криза.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: