Невремето кое го зафати Велес пред пет дена го уништи речиси целиот дом на 84-годишната велешанка Душанка Иванова, која живее заедно со нејзиниот 54-годишен син.
Во невремето настрадаа сандаци со пчели, домашни животни, градина со плодови, со кои едвај се прехрануваат, постелнини, гардероба. Немаат никакви услови за живот.
„Вистинска среќа е што баба ми го преживеала невремето, благодарение на медицинскиот душек кој ја кренал високо над водата. Ако и дал господ век барем да и помогнеме да ги одживее преостанатите денови од својот живот достоинствено во својот дом, заедно со своите деца. Ве молам да бидеме хумани“, пишува нејзината внука Душица.
Бабата Душанка и нејзиниот син Зоранчо Иванов, живеат од две минимални пензии, но пари не стигнуваат. Голем дел од двете пензии одат за лекови, кои се потребни за старица која страда од срцеви болести, склероза, има рани по целото тело, и е со скршен колк. Згора на тоа по невремето кое се случи во саботата вечер, сите нејзини лекови кои се неопходни и се уништени. Нејзиниот син Зоранчо, кој не ја остава неговата мајка е немоќен сам да се справи во овие тешки моменти, па за тоа очајно бараа помош од сите хумани луѓе.
Мајката и синот од Велес, се надеваат повторно да ја видат светлината на денот. На потег се институциите, кои треба повторно да ги исправат на прав овие луѓе, но и хуманите граѓани, кои барем малку можат да го ублажат страдањето по силното невреме кое ја погоди фамилија Иванови.
Контакт телефон: 075664429 Зоранчо
Можеби ќе ве интересира: