Велешката гордост Фудбалскиот клуб Борец тоне се подлабоко. Денес во рамките на шестото коло на Втората фудбалска лига во Чегране Арсими го испрати Борец со девет постигнати погодоци во мрежата за Велес.
Стрелци на головите за домаќините беа Ташевски во 36 минута автогол, Гафури во 49 минута зголеми на 2:0, Алии во 59, потоа следуваше хет трикот на Шуку во 65, 78 и 81 минута, Садики Ајрули и Имери во 86 минута го постигна деветиот гол за Арсими.
Содржината продолжува под рекламата
По овој пораз на велешани остануваат заковани на дното на второлигашката конкуренција со само три постигнати погодоци и 27 примени и е зрел за испаѓање во третолигашкото друштво.
Можеби ќе ве интересира: