Автопатот Штип – Миладиновци, кај клучката Три чешми, утринава околу еден час беше блокиран. Протестираа од здружението Трета република. Бараат прекин на преговорите со Бугарија и распуштање на сите меѓудржавни историски комисии.
Најавија дека ако не им се исполнат барањата, целосно 24 часа ќе блокираат четири локации во државата. Од МВР велат дека протестот не бил пријавен до нив.
Автопатот Штип- Миладиновци е најбрза врска на целиот исток и југоистокот со главниот град. Поради блокадата утринава се создаде колона на возила околу еден километар, а голем дел од автомобилите се враќаа по стариот пат преку село Кадрифаково.
Можеби ќе ве интересира: