Бајден: Новиот вид на коронавирус Омикрон е причина за загриженост, не за паника

dzo bajden
dzo bajden

Американскиот претседател Џо Бајден вчера се обиде да ги убеди Американците дека САД се подготвени да се справат со новиот вид на коронавирус Омикрон, ветувајќи дека доколку е потребно ќе го забрзаат развојот на вакцини кои ќе можат да се справат со него.

Zito akcija 640x289px

„Овој вид е причина за загриженост, а не за паника“, рече Бајден во обраќањето во Белата куќа по состанокот со неговиот тим за Ковид-19.

Agria

„Порано или подоцна ќе видиме случаи на новиот вид овде во Соединетите држави“, рече Бајден.

Тој исто така изјави дека Белата куќа работи со производителите на вакцини – Фајзер, Модерна и Џонсон и Џонсон, за да развијат планови за вонредни ситуации за новиот сој доколку е тоа потребно.

Претходно, водечкиот американски експерт за заразни болести Ентони Фаучи рече дека е малку веројатно Соединетите држави да воведат нови ограничувања поради очекуваното доаѓање на нов вид.

Светската здравствена организација (СЗО) претходно соопшти дека прелиминарните докази сугерираат дека новиот вид на коронависус, откриен во Јужна Африка, носи поголем ризик од повторна инфекција во однос на другите видови.

Moжеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: