Австрија со построги гранични контроли поради мигрантите

Avstrija granica
Avstrija granica

Австрија со земјите на т.н. Балканската рута се согласи на натамошно заострување на граничните контроли за да се спречи илегалната миграција, рече австрискиот министер за внатрешни работи Карл Нехамер.

Zito akcija 640x289px

„Министерот Нехамер се согласи со колегите од земји за таканаречената балканска рута за интензивна соработка во борбата против шверцерите со луѓе и илегалната миграција и по укинувањето на зголемените гранични контроли како дел од пандемијата на коронавирус“, велат од министерството.

Agria

„Заедничка цел е да се спречат нелегалните гранични премини преку интензивна размена и вмрежување“, рече Нехамер по разговорите со колегите од Хрватска, Србија, Словенија, Унгарија, Северна Македонија, Босна и Херцеговина и Србија.

Потпретседателот на Европската комисија, Маргаритис Шинас и комесарот за проширување, Оливер Варели, исто така, учествуваа во разговорите, што се одржаа последните неколку недели.

Австриското Министерство за внатрешни работи во средата соопшти дека значително е намален бројот на нелегални обиди за преминување на границите, но дека тактиката за пренесување на мигрантите се променила и дека сега се фокусирале повеќе на товарни возови и камиони.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: