Изборен „молк“ во Бугарија, која партија ќе биде победник на утрешните избори

sofija, bugarija
sofija, bugarija

Партијата на Слави Трифунов според поголем дел од социолошките истражувања во Бугарија води со минимална предност пред владејачката партија во Бугарија веќе 10 години – ГЕРБ на Бојко Борисов.

Zito akcija 640x289px

Според последните анкети спроведени од агенцијата „Тренд“ покажува дека партијата „Има таков народ“ ја има довербата од 21,3 проценти од гласачите, а ГЕРБ-СДС од 20,5 отсто. Бугарската Социјалистичка партија засега останува на трето место со 15,9 отсто поддршка од гласачите.

Agria

За време на предизборната кампања, партијата на поранешниот министер за правда Христо Иванов, прозападната „Демократска Бугарија“, успеа да регистрира раст на поддршката за нешто повеќе од еден отсто во однос на нејзиниот ривал, Движењето за права и слободи, која може да биде четврта политичка сила во новиот бугарски Парламент.

Коалицијата на поранешниот народен правобранител на Бугарија, Маја Манолова „Исправи се“, според анкетата, ќе влезе во новиот Парламент со освоени 5,1 отсто од гласовите. Во новиот 46-ти состав на Народното собрание на Бугарија би се нашла и коалицијата „Бугарски патриоти – ВМРО, Волја и НФСБ“, која би го достигнала изборниот праг до четири проценти.

Под парламентарната бариера, но со мал пораст во рамки на кампањата, е проруската партија во Бугарија, „Преродба“ со 3,1 процент поддршка од граѓаните

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: