74 годишен маж е трета жртва на коровивирус во Црна Гора.
Во најголемата црногорска медицинска установа, во моментот се лекуваат 21 пациенти на коронавирус, пет од нив на интерна клиника и 16 на клиниката за инфективни болести.
„Три пациенти се уште се поврзани со механичка вентилација, но сите во моментот имаат стабилни витални параметри“, соопшти клиничкиот центар на Црна Гора.
Од 17 март, кога беше потврден првиот случај на коронавирус во Црна Гора, 267 луѓе се разболеле во земјата. Од анализираните 330 примероци, десет беа позитивни на коронавирусот во последните 36 часа.