Во последните 24 часа во Босна и Херцеговина се регистрирани 93 нови случаи на коронавирус.
Ова е втор најголем број на новозаразени. Досега најголем број бил регистриран на 29 април, кога во земјата се пријавени 94 случаи.
Членот на Претседателството на Босна и Херцеговина Жељко Комшиќ е во изолација затоа што бил во контакт со лице заразено со коронавирусот, а тестирањето ќе биде извршено утре.
Комшиќ во петокот бил на неколку настани во Живница. На нив присуствувал и претседателот на Градскиот совет, Наил Јусиќ, кој подоцна се покажа дека е позитивен на коронавирусот.
Можеби ќе ве интересира: