Во последните 24 часа, во Хрватска регистрирани се 223 нови позитивни случаи коронавирус, а бројот на активни случаи денес е вкупно 1226. Меѓу нив, 273 пациенти се во болница, од кои 22 се на апарати за дишење. Регистрирани се и пет смртни случаи.
Од февруари годинава, кога е регистриран првиот случај на Ковид 19 во Хрватска, досега се евидентирани вкупно 15 795 лица заразени со коронавирус, од кои 266 починале.
Можеби ќе ве интересира: