Фудбалерите на Башкими го забележаа шестиот триумф оваа сезона во Третата фудбалска лига – Југ. На домашен терен го совладаа тимот на Венец со резултат 2:0.
Стрелц на двата гола за тимот од Горно Јаболчиште беше, нивниот најдобар стрелец оваа сезона, Зани Ахмедовски. Иначе, Башкими вложи жалба на минатонеделниот пораз од Слога, па дисциплинската комисија на Третата фудбалска лига – Југ, ја прифати и Башкими го доби овој натпревар со службен резултат од 3:0.
По одиграни 12 кола, составот од село Горно Јаболчиште се наоѓа на втората позиција со 22 бода. Во последното есенско коло тие треба да го пречекаат составот на Обршани, но поради откажувањето на овој тим, Башкими ќе прокнижи нови три бода на бодовното салдо.