Дебитантот во Третата фудбалска лига- Југ, екипата на Башкими од Горно Јаболчиште, и во вториот натпревар остана непоразена.. На гостувањето во Кривогаштани тие ремизираа со екипата на Младост со резултат 1:1.
Содржината продолжува под рекламата
Резултатот го отвори Арлинд Јашари во 29 минута, додека пред крајот напрвото полувреме со голот на Филип Ликоски домашниот состав дојде до израмнување.
Содржината продолжува под рекламата
Башкими по две одиграни кола се наоѓа на четвртата позиција со четири освоени бода. Во следното коло на домашен терен ќе го пречекаат составот на Бучин кој е деветти со еден освоен бод.
Можеби ќе ве интересира: