Бензините од утре поскапи за 1,5 денар

benziska stanica Makpetrov
benziska stanica Makpetrov

Бензините и Екстра лесното масло за домаќинство од ноќеска на полноќ поскапуваат за 1,5 денари за литар, а цената на дизелот останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,45 отсто.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 81,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 83,5, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 71,5 денари за литар. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и понатаму останува 72,5 денари за литар.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Со одлуката на РКЕ за 0,585 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 42,369 денари.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: