Бензините поевтинуваат, цената на дизелот останува иста

Benzinska pumpa Veles
Benzinska pumpa Veles

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,38% во однос на одлуката од 12.6.2023 година.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство се намалува за половина денар, а малопродажната цена на мазутот се зголемува за половина денар.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Со новите измени, од полноќ, литар ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе чини 80,5 денари, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе чини 82,5 денари, дизел горивото ќе чини 70,5 денари. Маслото за горење екстра лесно 1 (ЕЛ-1) ќе чини 68,5 денари, а мазут М-1 НС – 41 денар, информираат во РКЕ.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: