Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,00 ден/литар, додека малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 ден/литар.
Новите цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 72,00 (денари/литар), моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 74,00 (денари/литар), Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 63,00 (денари/литар), Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 65,00 (денари/литар), Мазут М-1 НС 39,780 (денари/килограм).
Содржината продолжува под рекламата
РКЕ информира дела во изминатиот седумдневен период референтни цени на светските берзи во просек бележат намалување само кај бензинот за 3,175%, додека кај останатите е регистрирано зголемување и тоа кај дизелот за 1,873%, кај екстра лесното масло за 1,964% и кај мазутот за 1,141%.
Можеби ќе ве интересира: