Бензините поскапуваат по еден денар, дизелот два ипол денари

benzini tocenje
benzini tocenje

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,19% во однос на одлуката од 4.9.2023 година.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 ден/лит, додека малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 2,50 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,146 ден/кг и сега ќе изнесува 47,304 ден/кг.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Од 12.9.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 88,00 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 90,50 (денари/литар) Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 83,50 (денари/литар) Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 83,00 (денари/литар) Мазут М-1 НС 47,304 (денари/килограм)

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: