Малопродажните цени на бензините еуросупер 95 и еуросупер 98 се зголемуваат за 1,5 денар, додека на еуродизелот за два денара, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Според ценовникот од полноќ ова се новите цени на горивата. Моторниот бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе се продава за 73,5 денари за литар. Моторниот бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 ќе чини 75,5 денари за литар додека литар дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе изнеусва 65 денари. Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) ќе чини 64,5 денари за литар.
Содржината продолжува под рекламата
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за половина денар додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,351 денари за килограм и сега ќе изнесува 41,131 денари.
Можеби ќе ве интересира: