Бензините поскапуваат за денар, цената на дизелот иста

pumpa-benzinska
pumpa-benzinska

Бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 поскапуваат за еден денар од полноќ, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Zito akcija 640x289px

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 67 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 69 денари. ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) и понатаму ќе чини 55 денари за литар, а Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) 44,5 денари.

Agria

Како причина за промената на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемените референтни цени на светските берзи во изминатите седум дена кај бензинот во просек за 2,193 отсто, намалените кај дизелот за 0,061, како и за 0,823 повисокиот курс на денарот во однос на доларот.

Moжеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: