Одбојкарите на ГОК Борец со максимален пораз од 0:3 (17:25, 14:25, 15:25) од екипата на ОК Џио Струмица го завршија годинашниот настап.
Победата на гостите не беше доведена во прашање во ниту еден момент. Уште од самиот старт го презедоа водството и ниту еднаш не го испуштија.
Одбојкарите на Борец со два порази се елиминирани во полуфиналето од разигрувањето за шампионската титула, што сепак е успех за велешката екипа, која се најде во друштвото на најдобрите во Македонија.
Целиот натпревар помеѓу Борец и Џио Струмица можете да го погледенете овде:
https://www.facebook.com/109675073947029/videos/313405216879128
Во финалната низа за титулата силите ќе ги одмерат двете најдобри екипи сезонава, а во неа Џио Струмица ќе влезе со предност од 1-0 во победи. Тоа значи дека најмалку ќе има две, а најмногу четири средби.
Можеби ќе ве интересира: