БиХ ги олеснува мерките, а полицискиот час е скратен

Во Босна и Херцеговина мерките на ограничување ќе бидат ублажени поради подобрувањето на епидемиолошката состојба, а најважната одлука е скратување на полицискиот час во Федерацијата БиХ и ќе важи од 23 до 5 часот наутро.

Zito akcija 640x289px

Оваа мерка ќе важи најмалку во следните две недели, а донесена врз основа на препораката од кризниот штаб на БиХ. Кризниот штаб предложи полицискиот час да започне во 22 часот, наместо во 21 часот, како што беше досега, но владата одлучи да го скрати за еден час помалку и да започнува од 23 часот.

Agria

Обврската да се носат заштитни маски на отворено беше укината минатата недела, а сега е дозволено да се собираат до 30 лица на отворено, наместо 20, како што беше дозволено досега.

Дневниот број на новоинфицирани во БиХ постојано опаѓа од 2 април, кога третиот бран достигна врв и беа регистрирани повеќе од 2.100 новоинфицирани за само еден ден.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/20518/78-godishen-veleshanecz-nova-zhrtva-na-kovid-19/