Во последните 24 часа, во Босна и Херцеговина се регистрирани 621 нов случај на коронавирус, што е најголем број од почетокот на пандемијата во таа земја. Починати се и осум лица.
Од почетокот на пандемијата , кога е регистриран првиот случај на Ковид 19 во Босна и Херцеговина, регистрирани се вкупно 32 845 лица заразени со коронавирус, од кои 980 починале, а вкупно 24 603 се оздравени.
Можеби ќе ве интересира: