Без Ивица Илиев во составот, ракометарите на Бисинов Фруитленд немаа шанси да го совладаат суперлигашот Мулти Есенс во елиминационото коло од ракометниот Куп. Скопјани беа подобри од домашниот состав Бисинов Фруитленд со резултат 39:24.
Содржината продолжува под рекламата
Домашниот состав само на стартот поведе со 2:0, но набрзо гостите покажаа зошто се едно лигашко скалило погоре, па го презеде водството кое не го испушти до крај. На полувреме гостите од Автокоманда имаа предност од 21:9, по што вториот дел само рутински го одработија.
Содржината продолжува под рекламата
Најефикасен кај домаќините беше Никола Димитров со пет погодоци, еден помалку имаа Мартин Иванов, Александар Стојменов и Јован Атанасовски. Кај гостите, Олег Јорданов постигна седум, Валентин Карасманакис шест погодоци.
Можеби ќе ве интересира: