Велешкиот ракометен прволигаш екипата на Бисинов успеа да го освои првиот бод во прволигашката конкуренција. Тие одигра реми на гостувањето кај Кичево 28:28. Најефикасни во составот на Бисинов на овој натпревар беа Мартин Иванов со осум и Александар Ристовски со шест погодоци,
Вториот ракометен прволигаш од Велес, екипата на Борец одново беше високо совладан на домашен терен. Во салата „Гемиџии“, тимот на Голден Арт 2 го совлада Борец со високи 31 гол разлика, 51:20.
Содржината продолжува под рекламата
Во екипата на Борец се истакнаа Антонио Јаневски и Душан Крстевски со седум, односно пет погодоци.
Можеби ќе ве интересира: