Бислимоски: Дневна евтина тарифа ќе стартува во декември во периодот од 13 часот до 15 часот

Marko Bislimovski
Marko Bislimovski

Енергетската криза го зголеми темпото на енергетската транзиција и инвестициите во обновливи извори ја намалија значајно цената на електрична енергија преку ден, со што се создадоа услови за домаќинствата да може да користат поевтина електрична енергија преку ден посочи Марко Бислимоски, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) на трилатералниот состанокот на Асоцијацијата на Медитеранските регулатори за енергетика МЕДРЕГ, Бордот на регулатори на енергетската заедница и Совет на европските регулатори за енергетика.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

„Дневна евтина тарифа ќе стартува во декември, граѓаните ќе можат да ја користат во периодот од 13 часот до 15 часот и секако останува на сила и ноќната евтина тарифа од 22 часот до 7 часот изутрина. Нашата држава, како и цела Европа се соочи со енергетска криза, но беше мотивирачка кај сите и  се започна со интензивен циклус со инвестиции во капацитети што произведуваат струја од обновливи изври на енергија. Ние тоа го нарековме Елдорадо на инвестиции во обновливи извори.  Во овој период, во време на енергетска криза за 20 % го зголемивме инсталираниот капацитетисо што се релаксира состојбата во енергетската слика кај нас. Стравот од високи сметки, се покажа како најголема мотивација за да се стартува со интензивен инвестициски циклус, кој пак даде резултат со што се намали увозната зависност и од традиционалните нотирани 30 % увоз на електрична енергија, процентот се преполови и сега изнесува  15 % во првите неколку месеци од годинава. Следен чекор е да се редизајнира помошта кон ранливите категории и значајно да се зголеми на оние лица на кои им е потребно“ посочи Бислимоски.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Претседателот на МЕДРЕГ Абделатив Бардах алармираше дека е неопходно земјите да работат на инклузивен пристап на енергенси кон крајните потрошувачи, додека реформите во енергетскиот сектор мора да продолжат без оглед на геополитичките случувања.

Претседателот Бислимоски ја презентираше иницијативата со која ранливите категории треба да добиваат повисока помош за сметките за топлинска и електрична енергија.

„Субвенциите ги намалија значајно  сметките за електрична и топлинска енергија и овој бенфит е за сите граѓани, но сега треба да се зајакне механизмот кон ранливите категории и да добиваат поголема финансиска помош  за сметките.“ изјави Бислимоски.

РКЕ неодамна на 35-тото генерално собрание стана полноправен член на МЕДРЕГ, која обединува 27 земји членки кои припаѓаат географски на медитеранскиот регион.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: