Во центарот на Софија на две крстосници во целосно е блокиран сообраќајот од страна на демонстрантите кои синоќа се заканија дека ќе постават шаторски камп.
Полицијата го пренасочува и го регулира сообраќајот, а јавниот превоз го измени возниот ред.
21 ден по ред во повеќе од десет бугарски градови се одржаа најмасовните антивладини протести.
Блокирани беа клучни улици во Софија и во другите градови.
Демонстрантите бараат оставки на Владата, лично на премиерот Бојко Борисов, на јавниот обвинител Иван Гешев и одржување на фер и демократски избори.
Можеби ќе ве интересира: