Борче Христов не е повеќе шеф на стручниот штаб на Борец

Borce Hristov

Фудбалерите на Борец останаа без тренер. Борче Христов по поразот од Струга Трим Лум, во меч од 1/8 финалето во Купот на Македонија, и тоа на пенали, реши да се повлече.

Zito akcija 640x289px

Во изјава за спортскиот портал Спортмедиа тој го потврдил заминувањето од Борец.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

“Да, не сум веќе шеф на струката во велешкиот прволигаш.Повеќе е спогодбен раскин на договорот, така може да се каже, но сметам дека е доста. Едноставно имавме различни сфаќања со првите луѓе на клубот околу иднината и затоа одлучив да си заминам. Се разбира дека му посакувам добри резултати на Борец во иднина“истакна Христов.

Содржината продолжува под рекламата

Христов беше назначен за шеф на стручниот штаб на почетокот на пролетниот дел од минатото првенство, после тубулуентниот дел со клубот, и успеа да го зачува прволигашкиот статус на Борец. Оваа сезона по 10 одиграни кола Борец се наоѓа на 10 место со освоени осум бода. Борец во недела ја пречекува екипата на Академија Пандев.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: