Фудбалерите на Борец беа поразени од новиот второлигаш, екипата на Вардарски, со резултат 2:0, на првиот контролен натпревар на подготовките за новта сезона.
Содржината продолжува под рекламата
Стрелци на головите за домашниот тим беа Илија Баламов и Славе Танов по еден сомнителен досуден пенал.
Содржината продолжува под рекламата
На овој натпревар тренерот на велешани, Љупчо Димитковски имаше на располагање 12 нови играчи, кои беа на проба, па тој им даде шанса на сите на овој натпревар во кој резултатот беше во втор план.
Следен контролен натпревар за Борец 1919 АД е на 20 јули во Македонска Каменица со екипата на Саса.
Можеби ќе ве интересира: