Во последното коло од Втората македонска фудбалска лига, Борец 1919 АД ја запиша една од најубедливите победи сезонава, совладувајќи го тимот на Охрид со 4:1 на домашен терен.
Стрелци на победата за велешани беа Стефан Филиповски, кој го отвори резултатот во 52. минута, потоа Флорент Османи кој го зголеми водството во 75. минута, а Никола Анчевски (89′) и Онур Емини (90’+2′) го запечатија триумфот со голови во самиот финиш на натпреварот. Единствениот погодок за Охрид го постигна Оливер Дишлиевски во 78. минута.
И покрај триумфот, Борец 1919 ја заврши сезоната на 15. позиција со вкупно 17 освоени бодови, недоволно за опстанок во Втората македонска фудбалска лига.