Борец 1919 Велес ја засили одбраната со Онур Емини

Onur Emini FK Borec 1919

Фудбалски клуб Борец 1919 Велес го засили тимот со ново значајно засилување – 20-годишниот централен бек Онур Емини. Младиот фудбалер потекнува од академијата на Шкендија Тетово, а во последната сезона настапуваше за Фортуна Скопје. Тој има настапи и во младинската Лига на шампиони во дресот на Шкендија.

Емини, кој веќе одигра во одбраната во двата контролни натпревари се  истакнува со својата стабилност во одбраната и добра физичка подготовеност, и ќе биде важен дел од дефанзивната линија на Борец во претстојните натпревари. Со неговото доаѓање, клубот се засилува со млад и талентиран играч кој има голем потенцијал за развој.

Agria

Од клубот се надеваат дека со ова засилување се зајакне одбраната и ќе им помогне на Борец да се избори опстанок во Втората фудбалска лига.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира:

Picerija LEA
Последни вести
Директорот на БЈБ во Велес: На патиштата има се’ повеќе тешки сообраќјни несреќи, неопходно е засилување на реакцијата на терен
Туфегџиќ бара ослободување на таткото на Вања: „Обвинителот се обиде да го претстави како нарко-зависник и неработник кој сакал само да дојде до пари“
21-годишник од Велес пријавил дека му се барале 20.000 евра под закана со пиштол