Борец ангажира нов тренер, кормилото го презеде Љупчо Димитковски – Гањо

Љупчо Димитковски – Гањо е нов предводник на Фудбалскиот клуб Борец. Тој доаѓа на местото на Александар Пановски, кој поради приватни обврски го напушти местото прв тренер, но сепак останува во клубот.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

„Чест, задоволство и голема обврска е да се биде шеф на стручниот штаб и да се води еден клуб со голема традиција и реноме како Борец. Благодарност до управата за укажаната доверба и поддршка која ја добив. Очекувањата се освојување на првото место во Третата фудбалска лига – Југ, и напоредно формирање на екипа која ќе се бори во баражот за влез во Втората фудбалска лига. Велес како град заслужува да има стабилен второлигаш, а во догледно време и прволигаш“ изјави денес на официјалното претставување, новиот стратег на Борец, Љупчо Димитковски – Гањо.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Во минатото Димитковски го предводеше некогашниот прволигаш Хоризонт од Турново, кој тогаш избори „виза“ за Европа, ги водеше и Тиквеш, радовишка Плачковица, Еуромилк, Кожуф од Гевгелија, Каменица Саса, а последен работен ангажман му беше во Вардар Неготино.

Ljupco Dimitkovski Ganjo

Димитковски како играч своевремено играше за Тиквеш, Вардар, Македонија Ѓорче Петров, Шкендија и Победа.

Trofei Borec

Борец имаше солидна полусезона, и ќе презими на втората позиција со 23 бода, два помалку од лидерот Големо Коњари. Од клубот најувавуваат нови засилувања во пресрет на пролетниот дел.

Можеби ќе ве интересира: