Кошаркарите на Борец Баскет забележа нова победа во Втората лига, овој пат славеше дома во ладната сала „Гемиџии“, над екипата на Водно Санс со резултат 78:67.
Содржината продолжува под рекламата
Во првиот дел од натпреварот се играше изедначено букволно ,,кош за кош” а на паузата гостите од Скопје заминаа со предност од два коша. Сепак, велешани со добрата игра во вторите два периода си го трасира патот кон победата.
Содржината продолжува под рекламата
По 13 одиграни кола Борец Баскет се наоѓа на делба на седмата позиција со шест победи и седум порази. Следната недела тие гостуваат во Скопје кај екипата на Ангели која се наоѓа на шетвртата позиција со осум победи и пет порази.
Можеби ќе ве интересира: