30 years Kozuvcanka Web Banner_600x200

Борец Баскет ја прекина лошата серија и го совлада Работнички 2018

Borec Basket gostuvanje

Велешани ја оправдаа улогата на фаворит во дуелот со најслабиот тим во Втората кошаркарска лига на Македонија, Работнички 2018 и го совладаа со 35 коша разлика, 85:50.

Zito akcija 640x289px

Уште по првата четвртина, која Борец Баскет ја доби со резултат 26:11, се знаеше победникот на овој натпревар. Скопјани беа рамноправен противник само во втората и четвртата четвртина. Резултатот овозможи  тренерот Васко Бојчев да им даде шанса на младите кошаркари, кои целосно ја искористија.

Agria

По ова 17 коло, Борец Баскет се искачи на петата позиција на табелата со скор од 10 победи и седум порази. Во следното коло, велешани ќе гостуваат во Скопје, кај екипата на Бутел која е седмопласирана на табелата со скор од 8 победи и 9 порази.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: