Екипата на Борец Баскет продолжува со добрите игри и успешни резултати во Втората кошаркарска лига, велешани запишаа уште по една победа, против екипата на Бутел со резултат 79:68, и го задржа лидерското место на табелата заедно со екипата на Соколи 1933.
По почетното водство во првта четвртина на екипата на Бутел од 13:11, велешани заиграа поангажирано па втората и третата четвртина ја добија со 26:17 и 26;10. Последната четвртина само рутински ја одработија задачата за нова шеста победа во првенството.
Најефикасен на натпреварот беше Стојковиќ кој постигна 26 поени за домашната екипа, Чадамов го следеше со 16, додека Карталовиќ постигна 12 поени. По седум одиграни кола, Борец Баскет има скор од шест победи и еден пораз. Во наредното коло велешани гостуваат во Прилеп кај екипата на Мега Баскет, која се наоѓа на седмата позиција со скор од четири победи и три порази.