Уште еден неизвесен натпревар одиграа кошаркарите на Борец Баскет. Вчера во салата „Гемиџии“ тие беа подобри од Баскет Кам со резултат 89:85. Со оваа победа велешани се искачија на седмото место со скор од четири победи и шест порази.
Содржината продолжува под рекламата
Гостите поведоа на почетокот предводени од Коцев кој имаше пет тројки во првото полувреме, но сепак на пауза отиде се еден поен предност за Борец Баскет. И во вториот дел продолжи тактичкото надмудрување помеѓу дваjцата тренери, а контрола на резулатот ја имаа велешани за четврта победа во петиот настап на домашен терен.
Содржината продолжува под рекламата
Најефикасни ка Борец Баскет беа Петков со 27, Златев со 22, Брчков 14 а Каратоловиќ и Виларов забележаа 12 поени. Во последното коло од есенскиот дел велешани гостуваат кај екипата на Хераклеа која е последна на табелата со скор од две победи и осум порази.
Можеби ќе ве интересира: