Борец Баскет пружи отпор, но Шкупи ги однесе бодовите од Велес

Кошаркарите на Борец Баскет го впишаа вториот пораз во низа во Вѕората кошаркарска лига, откако денес во Велес, со триумф од 68:60 си замина тимот на Шкупи.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Екипата од Чаир имаше одличен почеток во првите осум минути, избраниците на тренерот Тони Симиќ направија високи (22:4). И како да се задоволија со таа висока позитива гостите од Скопје. Момент кој велешани знаеја да го искористат, и на полувреме да заминат со негатива од само минус 5, (30:35).

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Но тое беше се што домашниот состав успеа да направи. Во текот на целиот втор дел гостите само ја одржуваа предноста. Во финишот велешани пробаа да направат пресврт, но останаа без оној завршен удар.

Најефикасен кај Борец Баскет, беше Карталовиќ, кој реализираше 11поени, додека Младеновски 10. Кај победничката екипа, Камбери,постигна 19.поени, Димитровски даде 17, а Стојанов 12.поени.

Можеби ќе ве интересира: