Борец Баскет, прв пат во пролетниот дел ќе игра пред својата публика. Во недела, од 16.часот, во салата „Гемиџии“ во Велес гостува составот на Академија ФМП, што, извесно, најавува возбудувања во текот на оние задолжителни 40 минути.
Велешани минатата недела го забележаа четвртиот пораз во сезоната од лидерот Ангели, додека Академија ФМП изненадувачки го совлада прилепскиот тим Мега Баскет и дојде до вториот триумф сезонава.
Натпреварот од 13 коло на Втората кошаркарска лига ќе започне во 16 часот, а судии на натпреварот ќе бидат Давидов, Петровски и Сулејман.