Борец Баскет загуби од МЗТ Скопје УБ по продолженија

Mega Basket Borec Basket

Кошаркарите на Борец Баскет доживеаја уште еден пораз, шести сезонава, овој пат од екипата на МЗТ Скопје УБ по продолженија со резултат 93:90. Натпреварот на кој условно велешани беа домаќини, се одигра во Скопје, поради ниските температури во спортската сала „Гемиџии“ во Велес.

Натпреварот беше полн со резултатски пресврти. На 15 секунди пред крајот на натпреварот, при водство на МЗТ Скопје УБ од +3 коша, велешани со тројка го однесоа натпреварот во продолженија. Во продолжението иста слика на теренот, гостите имаа +3 на 15 секунди пред крајот на првото продолжение, но велешани успеаја да погодат само едно слободно фрлање, што не беше доволно за ново продолжение.

Agria

Во наредното коло Борец Баскет гостува кај екипата на Водно Санс, која се наоѓа на 10 место со скор од 4 победи и 11 порази.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: