Ракометарите на Борец загубија во Скопје од екипата на Работнички со резултат 27:25, и со тоа ги сведоа на минимум шансите за освојување на петото место кое носи пласман во плеј офот разигрувањето.
Иако Борец добро започна, решавачки беше периодот од 21 минута до 34 минута од натпреварот, кога велешани постигнаа само два погодоци а разликата изнесуваше шест гола 16:10. Потоа Работнички ја одржуваше во текот на цело второ полувреме, се што успеа Борец беше само да го ублажи поразот.
Содржината продолжува под рекламата
Најефикасни кај Борец беа Борис Ристовски постигна пет и Јован Атанасовски со четири голови, додека во редовите на победничкиот тим Стефан Чакалиќ постигна девет, а Давид Димевски осум погодоци.
Содржината продолжува под рекламата
До крајот на регуларниот дел остануваат уште два натпревари, а за да го освои петтото место, Борец ќе треба да ги добие на свој терен Шампион во наредното коло и потоа во дирекна пресметка екипата со екипата на Јехона да одлучат за последниот патник во плеј офот, но само под услов гостиварчани во следното коло, идната недела, да загубат од Партизан во Гевгелија.
Можеби ќе ве интересира: