Фудбалерите на Борец се елиминирани од Купот на Македонија. Во реприза на саботниот дуел со Струга одиграа повторно 1:1, но стружани беа подобри изведувачи на пеналите.
Први во водство дојдоа велешани со погодокот на Ѓоре Ѓоргиев во петтата минута од натпреварот, откако судијата покажа на белата точка. Стружани преку евроголот на Босанчиќ во 35 минута. Србинот со овој гол се „извади“ за промашениот пенал во првенственото коло против Борец.
Содржината продолжува под рекламата
Натпреварот заврши нерешено во регуларниот дел, па се отиде на изведување на пенали. Се беше изедначено до последната серија кога велешани промашија еднаш и тоа во последната серија за Струга со 5-4 да победи и да оди во следната рунда.
Можеби ќе ве интересира: