Борец го доби Тиквеш за противник во ракометниот Куп

RK Borec - Mladost

Тежок противник добија ракометарите на Борец во елиминациона фаза од Куп натпреварувањето. Денес во просториите на РФМ се одржа извлекување на елиминационите парови во машка конкуренција и групите во женска конкуренција, а Борец за свој противник го доби суперлигашот Тиквеш 2014.

Zito akcija 640x289px

Во Куп натпреварувањето учествуваат вкупно 31 екипи: 12 екипи од Супер Машка Лига и 19 екипи од Прва Машка Лига. Екипата на РК Варадар 1961 како победник на купот 2020/2021 ќе биде слободна во елиминационото коло и ќе се вклучи во натпреварувањето во групна фаза и ќе биде сместена во 1-виот шешир.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Екипите победници во елиминационите натпревари ќе бидат поделени во 4 сада за ждребање во 1/16 финале (групната фаза) според листата во Пропозициите за КУП натпреварувањето за 2021/2022 година која е направена според пласманот на екипите на полусезона за 2021/2022 година. Натпреварите ќе се играат на 13/14.11.2021.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/24551/pochinata-zhena-od-s-gorno-orizari-pronajdena-vo-svojot-dom/