Фудбалскиот клуб Борец ги потврдува своите амбиции за враќање во Втората фудбалска лига. Раководството на клубот го засили стручниот штаб со Александар Јолдашев кој ќе има задача да го подигне нивото на голманите и ќе им помага на Александар Пановски и Панче Нанев.
Содржината продолжува под рекламата
Од клубот потврдија дека пет играчи го напуштија клубот, но договорени се неколку искусни играчи од Велес кој ќе помогнат Борец да се врати на старите патеки. Тренерот Александар Пановски првата прозивка ја закажа за трети август.
Содржината продолжува под рекламата
„Почнува се од почеток, нова ера во Фудбалскиот клуб Борец. Клубот има нова управа, и голем дел од фудбалерите ќе бидат од Велес и велешките фудбалски школи. Од младинскиот погон ќе бидат прекомандувани пет играчи кои ќе се калат за иднината на велешкиот фудбал“, изјави Марјан Нацев претседател на ФК Борец.
Исто така од клубот нагласуваат дека ќе се стави на акцент на промоција на млади фудбалери од Велес. Дел од опремата за натпреварите во новата сезона како за сениорскиот тим, така и за младинскиот погон е пристигната.
„Моментално се реновираат просториите на клубот и се прават услови за клубот нормално и посериозно да функционира. Веќе се договорени два спонзори кои ќе му помагаат на клубот, а се преговара ушто со три фирми кои би помогнале за враќање на клубот во Втората фудбалска лига“ дополни Маријан Нацев претседател на Фудбалски клуб Борец.
Можеби ќе ве интересира: