(ВИДЕО) Борец и подари бод на Брегалница во судиското надополнување

Борец прими гол во судиското надополнување и наместо три, освои само еден бод во чудниот дуел против Брегалница. Натпреварот заврши 1-1, а по лошиот прв дел, во продолжението видовме два гола, една груба грешка и два удари во стативата. 

Zito akcija 640x289px

Дуелот започна со удари од далечина на домаќините, но целосна контрола на средината на теренот имаа гостите од Штип. Дури и ја креираа првата голема шанса, но Марјан Алтипармаковски од изгледна позиција во 17. минута биеше за малку крај дирекот.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

По топлото и ветровито време домаќините инсистираа на удари од дистанца. Се обиде Николовски во 28. минута, но биеше преку голот. Првиот дел заврши со неколку мешаница пред голот на Борец, но без директен удар на штипјани.

Содржината продолжува под рекламата

Во последните пет минути од првиот дел, најнапред се закани Борец преку Љума со глава, а потоа обидот на Амановиќ со левата нога од изгледна позиција заврши преку голот. На одмор се замина без голови, но и без директен удар и интервенција на голманите. 

Брегалница поактивно го почна и вториот дел, но Борец беше опасен од контра напади. Ниту замените на Христов не ја променија инерцијата на овој претпазлив и на моменти неинтересен дуел. Следеше првата одбрана на гостинскиот голман Денковски, по ударот на Манасиев оддесно во 62. минута. 

Летаргичноста на натпреварот, кој мирисаше на 0-0, ја разби грубата грешка на Денковски, кој ја испушти топката по млакиот удар на Лука Трајкоски и таа меѓу нозете му се истркала во мрежата

Само една минута подоцна со прекрасна парада гостинскиот голман со помош на стативата ја спаси својата мрежа по слободен удар од десната страна на домашната екипа. Конструкцијата на голот на Брегалница ги спречи домаќините да постигнат втор гол и во 77. минута, кога по ударот на Манасиев, се испречи пречката од штипскиот гол. 

Кога сите очекуваа крај на натпреварот, Брегалница израмни во претпоследната минута од судиското надополнување и по четврти пат ремизираше оваа есен. По една долга акција по левата страна и интервенција на домашниот голман, топката стигна кај Додев, кој од непосредна близина ја погоди целта, поставувајќи ги финалните 1-1.

Иако во првиот дел играат одлично, штипјани мора да бидат задоволни со ова реми, посебно што велешани прокоцкаа многу шанси за двојна предност.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/23148/otvoren-18-megunaroden-salon-na-strip-veles-2021-i-treta-strip-kolonija/