Фудбалерите на Борец им се вратија на победите, иако скоро 55 минути играше со играч помалку. Во Кривогаштани Борец го победи Младост со резултат 4:3 и останува во трката за првото место.
Содржината продолжува под рекламата
Велешани одлично го започнаа натпреварот, и по само 16 минути водеа 3:0 со головите на Јосиф Манасиев, Дејан Стефановски и Милан Чичевски од пенал. Во 35 минута Јосиф Манасиев доби црвен картон, и домашните ја искористија бројчаната предност на теренот, и намалија на 2:3, во 42 минута. Со голот на Александар Пановски во судиското надополнување, Борец замина на пауза со предност од 2:4. Во продолжението, домашниот состав само успеа да намали на 3:4 во 92 минута преку Димитар Китановски.
Содржината продолжува под рекламата
По осум одиграни кола, Борец има 14 освоени бода, или четири помалку од лидерот Големо Коњари. Во следното коло Борец ќе ја пречека екипата на Марена која се наоѓа на 5 место со 11 бода.
Можеби ќе ве интересира: