Велешки Борец продолжува да го засилува тимот за продолжението на првенството во Првата македонска фудбалска лига. Доцна синоќа е постигнат договор, а денеска веќе со екипата тренира 18-годишниот младински репрезентативец на Македонија Азер Омерагиќ, кој во Борец доаѓа од сплитски Хајдук.
Омерагиќ е дете на Вардар, каде што ја мина целата младинска школа, а минатото лето замина во славниот хрватски прволигаш Хајдук. Тој игра на позиција центарфор и е висок 185 сантиметри
Омерагиќ е деветтото засилување на Борец зимава, откако клубот ги ангажираше голманот Андреја Ефремов, одбранбените играчи Ванче Шиков, Филип Мишевски и Србинот Никола Терзин, играчите од средниот ред Лука Трајковски и Мартин Талаков и напаѓачите Александар Мишов и Хрватот Еди Баша.
Првенството продолжува во недела, на 14 февруари, кога Борец на Градскиот стадион „Зоран Паунов“ во Велес го пречекува есенскиот вице-првак Шкупи.
Можеби ќе ве интересира: