Борец одигра храбро, но загуби со гол во судиското продолжение

Pehcevo Borec

Само една минута ги делеше фудбалерите на Борец да го освојата првиот бод во првенството. Мердан Рамадани постигна гол во 92 минута од натпреварот за победа на Пехчево од 3:2. Велешани и по 11 кола остануваат на дното од табелата без освоен бод.

Zito akcija 640x289px

Домаќините поведоа преку Емил Скоко  во 25 минута, додека во првата минута од продолжението на првото полувреме Рејан Абази го доведе Пехчево во водство од 2:0. Само што тргнаа од центар Борец со голот на Чичевски намали на 2:1. Во вториот дел велешани тргнаа на се или ништо, па со голот на Стефан Богдановски  во 79 минута го израмнија резултатот на 2:2. Сепак во 92 минута домаќините преку Рамадани го освоија целиот плен.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Во следното коло во Велес гостува екипата на Каменица Саса, која се наоѓа на 14 позиција со освоени девет бода.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: